Јанко ги растажи луѓето од плажа во Грција: Не го напишав ова за да ви го расипам одморот, ама не сте свесни колку среќа имате
Одиш на море. Сместувањето не е баш како што си замислил, интернетот одвреме-навреме паѓа, лежалките се прескапи за твојот буџет. Сонцето немилосрдно ти чука по глава, а и чадорот е преценет, а на границите има само гужви… Доволно да ти го расипе целиот одмор за кој напорно се трудеше цела година. Од друга страна, не сте ни свесни колку среќа имате.
Така еден Јанко успеа да им објасни на туристите во пет реченици, пишувајќи своевремено во групата „Грчка инфо“, откако се сретнал со мал уличен продавач, кој му го променил денот и со кој малку ги растажил и ги потсетил другите корисници на Фејсбук на важна животна лекција за среќа и благодарност.
„Денес на плажата во Неа Ираклица има мал африканец од едвај десет години, убав како кукла, кој љубезно нуди алки и слично, оваа чини 5 евра, ја носам на ќерка ми која е негова возраст му давам 6 евра да го часатам тој мисли дека сум згрешил и ми го враќа еврото не е крадец туку продавач, вели благодарам и продолжува понатаму.Тие кеси се поголеми од него, ги влече низ песок на плус 30 и се менува и заработува за живот.“ забележува Јанко.
Запознавањето со малиот Африканец веднаш го потсети на она што сите ние многу брзо го забораваме.
„Седиме на лежалки, уживаме, безгрижно како деца, а тој е дете со своите грижи, гледам во ќерка ми, син ми, жена ми, се обидувам да си објаснам во главата дека можам да објаснам на нив колку сме среќни.Ама не ми успева, само го гледам тоа малото како се оддалечува и грутка во грлото.
Не го напишав ова за да ви го расипам одморот, но ако денес мислевте дека сместувањето ви е лошо, плажата е далеку, границата преполна… само ви се чинеше. Кај нас се е во ред, и повеќе од тоа. А ако ти треба ваква алка, знаеш кого и каде да прашаш“, заклучи Јанко.
Оттогаш неговите зборови неуморно се споделуваат на Фејсбук, корисниците го фалат него и момчето, а некои признаваат дека дури и по некоја солза пролеале поради оваа приказна од Грција.