Јанко Јади бурек: Глупи сте, за жалење сме
Јанко Илковски или за јавноста попознат како Јанко Јади Бурек важи за еден од најзпонатите македонски водители кој на малите екрани е присутен со децени.
Тој исто така е доста активен и на социјалните мрежи, особено на фејсбук каде утрово сподели статус во кој вели:
Ти пратив порака на мобилен, не ја виде? Не се разбирам јас у тоа.Истиот интелектуалец ме удави како американците биле глуп народ.
Како тоа, му викам, не знаеш да прочиташ, одговориш на смс порака, а секој најглуп американец може, а згора на тоа и сурфа, одговара на пораки,
Води видео разговори со блиските и пријателите, плаќа преку мобилен сметки, не се малтретира по шалтери, нарачува онлајн од лекови до леб?
Како тоа ти паметен и писмен, а они глупи? не, не ми одговарајте ни вие, само дислајкајте ме – ние сме генерално неписмени, буквално, цивилизациски и дигитално!
Не нема омаловажување, само ми е жал за луѓето што непотребно се мал третираат, а може да им биде полесно. И не, не се пари во прашање ако тоа го мислите- сте глупи!
Мобилен телефон, компјутер и интернет е направен за глупи американци и дечурлана да – ако они знааат а ние не – …за жалење сме!