Јанко Јади Бурек по она што му се случи: Каков што сум, заслужувам уште полошо
Неодамна, познатиот водител Јанко Јади Бурек се огласи од пластична хирургија каде имал операција на лоша повреда, а д-р Туџарова го оперирала и едвај му ги спасила прстите.
Често објавува известувања на социјалните мрежи, па така и овојпат се огласи и кажа кога ќе се врати на работните обврски и на снимањата, а граѓаните му изразија пораки за добро здравје.
Добар сум, се е ок АМА СЕ УШТЕ НЕ МОЖАМ, ДА ПОЧНАМ СО ЕМИСИЈАТА…. ок е малку условно пишано ама немајте гајле. …
Ногата ми заздравува, но имам друга компликација која во моментов ми ја одзема способноста да водам емисија но и болките заради заздравувањето не дозволуваат да можам да водам без проблем, можам ама нема на ништо да личи а не сакам сожалувања, ок?.
Секако дека е привремена состојбава и покрај ногата имам други компликации но морам да средам се за да можам да се вратам на програма.
Секако дека се што ми се случува е заслужено, но искрено, каков што сум, заслужувам уште полошо, така што сите кои ми свртеа грб или велеа така му треба – во право сте, вашата постапка е оправдана и сосема на место -без иронија пишувам.
Ич гајле да немате за мене, ама искрено. Фала на Македонско Сонце / ТВ Сонце и колегите од другите медиуми за поддршката како и на вас, верната публика.