Јелена Спенџарска: Имам чувство дека станувам дел од нашава малограѓанштина со ментална заостанатост
Нашата препознатлива ТВ водителка Јелена Спенџарска го живее најубавиот период од својот живот на релација Македонија – Грција каде заедно со својот сакан го минува летниот одмор. Но, честопати знае да се појави и со некој свој став или коментар на социјалните мрежи.
Знаете дека избегнувам да споделувам ваши коментари овде на стори и позитивни и негативни, но понекогаш давате толку добри теми за дискусија што едвај се воздржувам, верувајте
Јас многу ретко читам коментари, не само за мене туку општо избегнувам да отворам зашто уште од првиот веќе ми се лоши.
Некако имам чувство дека станувам дел од нашава малограѓанштина со ментална заостанатост (со секоја почит кон исклучоците, да се разбереме) и како да станувам се посвесна и посвесна каде точно живеам и со каков огорчен народ.
Зборувам за мажи и жени, и млади но претежно повозрасни, вече остварени и како родители кои својот неуспех во животот и незадоволството од истиот го прокетираат преку најгрди можни зборови упатени за било кој и да се пишува…
Се прашувам како се случи да го допреме дното зошто не знам што би можело да биде полошо од тоа? И од каде потекнува тој гнев во луѓето да седнат пред компјутер и да го извадат јавно целиот отров од себе?..
Колку бедно, колку тажно! Некој друг да ти кажува како ти треба да го живееш животот оти според неговите стандарди не се вклопуваш во неговата несреќа и сега и ти треба да си несреќен, оти ако ти тргне во животот одма си непријател.
Среќата и благодарноста се понизни. Незадоволството е полно со гордост. Затоа е полесно во него., стои во дел од објавата на Спенџарска.