Љубица е кралица на штедењето – на одмор минува 11 дена со само 10 евра: Десет години не сме потрошиле повеќе
Ако се суди според коментарите на оние на кои одморот веќе им започна, Грција годинава е исклучително прифатлива. Меѓутоа, кога се во прашање парите, разликите се огромни кога станува збор за тоа што за кого е прифатливо.
Така, еден член на групата „Грција во живо“ го постави прашањето дали е можно да се помине денот со 10 евра и доби низа потврдни одговори.
„Секако дека може. Донесете од дома, наполнете го фрижидерот, купувајте по пазари, некои денови на лежалки, не секој ден, некои денови гиро, можеби сладолед секој ден, доволно е ако знаете да уживате во море, сонце и сенка.
Ако има повеќе како во моето семејство, петмина, доволни се во просек 10 евра по човек, односно 50 евра дневно се сосема доволни“, одговори еден член од групата.
Други истакнаа дека е многу важно да се пазари од маркетите, а некои истакнаа дека е голема заштеда доколку избегнувате лежалки. Има и такви кои веруваат дека најдобар начин да заштедите е да пиете на тераса навечер, а не во кафулиња.
По извесно време стигна топ коментар од извесна Љубица, која тврди дека за цел одмор или поточно вкупно 11 дена на море и се доволни само 10 евра.
„Секако дека е можно. Јас и другарка ми ставивме по 10 евра во заеднички паричник и тоа е доволно за 11 дена. Пиеме кафе во стан, не јадеме леб, не пиеме сокови и други пијалоци.
Купуваме кисело млеко, зеленчук и овошје, а од дома носиме сушено месо и со тоа што го имаме набрзина готвиме нешто. Десет години никогаш, верувале или не, не сме потрошиле повеќе. Но, и двете сме пензионери, а младите секако имаат поголеми желби“, тврди Љубица.