Љупчо Николовски ќе го намалува иселувањето и ќе враќа иселеници во истокот на Македонија – кажа и како
Министерот за земјоделие, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски вчера се огласи во јавноста и кажа:
Зимскиот ресорт Царев Врв ќе стане реалност. Преку Програмата за рурален развој, денес на овој убав ден потпишуваме Меморандум и издвојуваме средства за физибилити студија кои ќе водат до целосна реализација на Мастер проектот.
Царев Врв ќе се вброи во петте најголеми ски центри во регионот, и ќе допринесе за развој на туризмот, економијата и бизнисот од истокот и североистокот.
Ја ставаме Република Северна Македонија во светските туристички карти како земја со најдобри атрибути за посета, и воедно обезбедуваме подобри услови за работа и живот на жителите од регионот.
Овој Мега проект за нашиот крај ќе придонесе и за намалување на иселувањето и враќање дома во родниот крај во кој веќе се создаваат услови за европско живеење. Оставаме печат како никогаш досега и успеавме да му го вратиме на истокот она што долги години го немаше.