Његош со тешко срце: Работам напорно, но девојките не ме сакаат кога ќе ме здогледаат што работам
За Његош Стојадиновиќ од Пријепоље слушна цел регион. Чесниот и добар домаќин во неговиот крај со причина го нарекуваат „некрунисан крал на пиперките“,
А единственото нешто што му недостигаше на овој вреден и трудољубив домаќин е сопруга со која би делел и добро и лошо во секакви времиња.
„Кога девојките ќе ме видат вака со мотика, фреза и трактор, не помислуваат да излезат со мене. Денешните девојки сакаат забава и уживање, но не можете да уживате ако не работите.
Ова не е ништо стра шно, земјоделството е работа што сакам да ја работам, точно е дека често сум валкан и во кал но јас сум свој газда, вели тој за ,,Рина”
Сепак, крајот на оваа година му донесе голема промена бидејќи ова вредно момче си ја најде својата сродна душа, пишувајќи за него во медиумите и социјалните мрежи го натераа да ја најде својата идна сопруга.
„Таа ги виде моите објави на Фејсбук, дека се занимавам со земјоделство и реши да го направи тој прв чекор. Разменивме неколку пораки, а потоа телефонски броеви, сè се случи брзо.
По првата средба веднаш сфативме дека се стремиме кон исти цели, создавање семејство. Тоа беше љубов на прв поглед“, рече Његош.
Благодарение на него, Јелена реши да го промени урбаниот живот. Реката Лим и падините на Златар беа доволна причина да ја одвлечат на мирен живот со нејзиниот придружник.
“Многу сум среќna што го запознав, јас сум личност која сака мирен живот, природа и чист воздух. Ме освои со својата едноставност, искреност и шарм. Тој е искрен и добар човек, внимателен,се што жена може да посака, вели таа.
„Сега сме многу среќни, а верувам во љубов на прв поглед. Нема да чекаме долго, откако ќе се зближат нашите две семејства, веднаш по Нова година ќе стапнеме во брачни води и ќе започнеме заеднички живот“, заклучува Његош.