Ќе одолее ли: Сузана Гавазова со понуда вредна 100.000 долари од Австралија
Сузана Гавазова, една од најдобрите македонски фолкерки и воедно најбарани и понатаму продолжува да биде актуелна на свој начин. Сузе ја има буквално сегде, што прослави, што настапи по локали, но и на отворено.
Едноставно публиката си ја сака Сузе, а таа знае како да возврати и да направи забава за паметење.
Популарната Сузе едноставно не мирува, па настапите во странсто, како и они прекуокенски турние не и се непознато.
Дека настапите во странство, особено оние во далечните Австралија, Америка и Канада носат најдобра заработка не е тајна.
Сума од 100.000 долари и била понудена на популарната фолк пејачка Сузана Гавазова од страна на Македонец од Мелбурн, кој долги години живеел и работел во Австралија.
Естрадниот менаџер Стефан Ѓоргиевски за ,,Фокус” ја потврди веста за хонорарот кој бил предложен од нашинецот – бизнисмен, а кој Гавазова ќе го добиела доколку се согласила со условите за едномесечна турнеја.
-Се работи за хонорар од 100.000 долари, за одржување на едномесечна турнеја во Австралија. Нашиот бизнисмен ја понуди оваа сума за реализирање на 12 концерти ширум Австралија, плус во казина во Мелбурн, Сиднеј и Перт, изјави за Фокус.мк