Путин: Одобрено
Рускиот претседател Владимир Путин со декрет ја одобри трансакцијата со акциите на руската банка „Јандекс“ кои се под странска контрола.
Документот е објавен на официјалниот интернет портал за правни информации на Руската Федерација, пренесува Комерсант.
Агенцијата Интерфакс го поврза овој потег со најавеното реструктуирање на рускиот технолошки гигант Yandex.
Холандската компанија„Јандекс Н.В.“ која е матична компанија на рускиот „Јандекс“ , на почетокот на февруари објави дека постигнала договор за излез од Русија и некои меѓународни пазари по цена од 475 милијарди рубљи или околу 4,85 милијарди евра, објавија медиумите.
Имотот на „Јандекс“ ги купува конзорциум од руски инвеститори, вклучително и фонд во сопственост на енергетската компанија „Лукоил“.