Тања од Битола низ солзи: Со мокри патики одев за корка леб, да имаме барем една сијалица, ништо друго не сакаме
Тања Јошевска е девојка која несреќно живее од раѓање. Или била малтретирана или без поддршка. Првите девет години била жртва на семејно насилство од татко алкохличар. А, останатите години до денес, едноставно немала среќа во изборот на животен сопатник. Затоа ќе рече зад себе има два несуспешни брака и по едно дете од нив. За жал, од сопствените деца морала да се откаже само да бидат посреќни. Зашто во нездрава семејна средина првото дете не било среќно, а второто не зборувало до 5 година од животот.
Денес барем и е мирна совеста дека со другиот родител живеат посреќно отколку кога и таа живеела со нив. Борбата на Тања продолжува. Се враќа во куќата на болната мајка и живее сиромашно и без струја. На работа одела со мокри патики, гладна и болна. Поради немањето храна и ослабнал имунитетот и не можела да издржи па морала да даде отказ. И, можеби светлата точка во нејзиниот темен живот е Доан кој ќе ја прифати нејзината тешка судбина, а таа неговата и од пред две години ќе почнат да живеат заедно.
За жал, разликата во верата неад а ја прифатат роднините кои ќе настојуваат таа да го земе исламот за да живее мирно. Тања тоа и го прави, но тоа не и ја дава светлината. Зашто куќата од дедото на Доан има стар долг за струја и од пред короната до кога одел на работа и плаќал рати имала струја. Кога немал со што животот му се сведува на свеќата како единствена опција да ја види реалноста колку и да е болна. Тука е и Тања, која наскоро ќе го усреќи со наследник и за која ќе каже таа ми е поддршка и најголема среќа. За неа и животот би го дал. Јас без неа сум никој и ништо. А со неа и во ништото гледам се и во мувлосаниот леб највкусен оброк. Само и двајцата ќе заклучат: „не сакаме луксуз! Само една сијалица да светне и ние ќе продолжиме да го цениме животот!„
Тања има само 30 години. Родена е во Битола во семејство на татко алкохоличар, кој ги малтретирал сите и нејзината мајка, и сестра и, но, најмногу полубратот од првиот сопруг на нејзината мајка. Тешкиот живот ќе ја натера да бара спас на 15 години и да ссе омажи непромислено. Кратко ќе трае тој брак во кој ќе остави едно дете. Можеби пократко и од вториот каде ќе остави уште едно дете само за негово добро, зашто од проблемите во домот детето се плашело да прозбори. Се враќа во куќата на мајка и, каде продолжува тешкиот живот онаму каде што застанал пред да се мажи. Во куќа со влага, без струја, уште помалку храна, па ќе рече дека за да има за леб одела на работа и со мокри патики каде и се потсмевале колегите и ја омаловажувале.
-Многу тешк живеам откако сум се родила. Татко ми многу пиеше и сите не малтретираше. И, нас и мајка ми, а најмногу мојот полубрат, синот на мајка ми од првиот сопруг. Ко навредуваше и не му даваше да јаде со нас на маса. Лоши трауми имам од тој период. Одамна живеам без струја, и видов не видов, се омажив првиот пат на 15 години. Не можев да издржам и го оставив и детето само зашто знаев дека ако го земам со мене ќе пати како мојот полубрат. Кој сака туѓо дете да гледа-ќе рече Тања. Многу набрзо ја направив и втората грешка кога се омажив по втор пат и кога сите ме поттурнуваа освен свекрвата. Само таа ме ценеше-додава таа. Детето имаше четири години и сеуште не зборуваше, па морав да превземам нешто за да ја спасам. Таа не зборуваше порадинашиот лош живот. Откако заминав прозборе- се сеќава Тања
Кога една врата се затвора многу поубава се отвора. Па, Тања еден ден во градот го запознава Доан со кого е две години и вели дека никогаш не била повеќе ценета и поддржувана. Но за жал и судбината на Доан е тешка. Живее во туѓа куќа. И, тој бил отфрлен од најблиските. Задолжен е и домот нема струја откако за короната останал без работа па не можел да исплаќа рати. За даа има мир како што вели Тања, морала да го земе исламот и името Џансу. Денес, ова семејство живее скромно и се што посакува е да им светне само сијалица, па макар од се друго да се откажат. А, повеќе од сигурно дека струјата ќе им биде потребна зашто Тања е во блажена состојба и за некој месец на свет треба да донесе и нивни наследник.
-Откако заминав кај мајка ми и го напуштив и вториот сопруг, не живеев воопшто лесно. Работев зашто немав за леб. На работа одев и со мокр патики. Живеевме без струја. Немав како да се избањам, а зарем на работа така се оди?! И, пред две години го запознав Доан. Прекрасно мче кое ме почитува и со него добив се што не можев во претходните врски. Но, тој со години живее без струја и од короната останал без работа, немал ни како да се прехрани. Многу ни е тешко. Да имаме барем една сијалица, ништо друго не сакаме –вели Тања за Срце на Дланка.
Не треба да се плашиме од она што е пред нас. После сите лоши искуства, еден ден мора да дојде и нешто убаво. Зашто ако знаеме што сакаме и имаме волја и храброст да побараме помош ништо нема да не спречи да успееме. Но, и да не заборавиме. Најубавите приказни и случки од животот мора да ги оставиме за нас. Зашто луѓето знаат да го расипат тоа што е убаво.
Доколку сакате да помогнете на Тања Јошевска тоа можете да го направите на нејзиниот телефонски број 070378429 или на нејзината жиро сметка 290500021699896.