(ВИДЕО) Во Аеродром летаа камења, играа шипки, стапови и синџири – спасувале жива глава
Од редовите на кумановскиот фудбалки клуб Башкими денеска излегоа со соопштени до јавноста во кое се вели:
Вчера, на 04.12.2022 година, на стадионот во населбата Аеродром Скопје во рамките на 15. коло играше ФК Аеродром – ФК Башкими. Гледачите и навивачите од Куманово самоиницијативно допатувале на стадионот за да навиваат за нашиот клуб.
До 69. минута натпреварот течеше во спортски дух и без забелешки. Токму на оваа минута, од улица, преку административниот дел на стадионот, упадна 40 ху лигани со маски, бејзбол палки, но жеви, синџири, камења и друг метален алат, каде брутално ги н ападнаа албанските гледачи/навивачи и други кои беа на скалите на стадионот.
Тимот домаќин не успеа да обезбеди никакви услови за безбедност на гледачите (ниту редари, ниту полиција, или припадници на агенција за обезбедување) и искористувајќи ги овие ск андалозни пропусти, на ху лиганите им беше многу лесно да упаднат на трибините.
Фала Богу што немаме ж ртви, а целата ситуација помина со повреди и материјална штета. Камења и стапови летнаа и на фудбалското игралиште загрозувајќи ги жи вотите на нашите играчи.
Вреди да се истакне дека оваа група не била присутна на стадионот, туку била организирана надвор од стадионот, со единствена цел брутално да ги пре тепаат Албанците на скалите на стадионот.
На повредените им посакуваме закрепнување и посакуваме вакви ван далистички сцени да не се случуваат на стадиони или во спортски сали!
Видео снимка од случката откако групата на хулигани се повлекла и обидот од надвор од теренот да фрлаат камења. Фотографии – предмети фрлени на игралиштето.