Љубе од кривопаланечко: Сите поради окото ме гледаат попреку, се плашат од мене и не сакаат да зборуваат

Љубе Стоилковски се чувствува загрозен во поглед на својата финансиска состојба и живот во иднина. Роден е и живее во Герман. Од три годишна возраст добива израсток на окото кој ќе му го одбележи животот. Ниту докторите немаат објаснување за состојбата, а не знаат ни како да се справат со неа. Кажано му е само дека е поткожен тумор. Око нема, а низ годините и со тоа око со кое гледа поради оптеретувањето полека му се губи видот. Гледам само два проценти –ќе рече Љубе. Најзагрозен сум во селото и пошироко. Ваков случај како мојот ниту сте виделе ниту ќе видите. Иако веќе навикнат, сепак болно му што сиот живот е гледан попреку од народот со презир и страв поради изгледот.

Воден како инвалид никогаш не бил во сотојба ниту да работи. Иако се оженил со жена од Пклиште и добил две ќерки, немал среќа ниту со семејството. Едната ќерка починала додека била на пазар во Ранковце на само 17 години. После пет години од нејзината смрт ја губи и сопругата од карцином. Па, тој останува со ќерката Дијана и внуката Јована кои се лица со посебни потреби и кои биле избркани од сопругот на Дијана од Скопје, кога Јована имала само три месеци. Јована е несоцијализирана, нејасно зборува и и треба и стручна помош која не можат да си ја дозволат.

Денес овој дедо, ќерка и внука живеат многу тешко. Сами се. Не добиваат помош од никој. Живеат само со 4000 денари социјална помош. Половина ја даваат за такси превоз до Ранковце бидејќи автобуска линија до и од нивната куќа нема. Ова семејствојаде само еднаш дневно бидејќи за повеќе немаат пари. И, тоа еднолична храна. Макарони или супа. Толку можат да си дозволат. А, и куќата е во очајна состојба и стравуваат дека во секој момент ќе ги поклопи. Затоа и навечер не спијат. Дежураат за да преживеат. И, замолуваат макар две соби пдоолу во селото за да ги заштедат макат тие пари што ги даваат за такси и за да можат полесно да го минат животот.

Љубе има тешка судбина. Сиромашно и со физички недостаток го минува досега животот. Има тумор на окото со кое воопшто не гледа, а со другото гледа само два проценти. Неговите кога бил дете немале услови да го носат на испитувања и операции. А, услови нема ниту денес кога е веќе во одмината возраст и се грижи за едната ќерка и внуката кои исто така се лица со посебни потреби и неспособни сами да живеат без Љубе. Во 2007 тој на само 17 години ја губи едната ќерка, а подоцна и сопругата, па целата грижа за распаднатата куќа, ќерката и внуката останува на него.

-Од кога знам за себе животот ми е мачење. Сиромашни ми беа и родителите и со тројцата браќа живеевме многу лошо во старата куќа во Герман. Подоцна се преселивме тука и јас тука и се оженив со Јадранка од Пклиште. Таа миисчува две ќерки. Едната на само 17 години ја изгубив. Беше мажена и од нигде никаде еден ден на пазар во Ранковце ми рекоа дека умрела. Не знаев ни како да и соопштам на жената па, ги замолев докторите да и кажат. Ја омажив и Дијана втората ќерка во Скопје во Бањани, ама таму вели таа ја малтретирале и кога городи девојчето ја избркале заедно со детето. Ја вратија само са памперс и облеката на неа-вели Љубе.

-Морав да го пријавам семејството зашто веќе не се издржува-вели Дијана. Живееме во куќа која може да не затрупа и јадеме само еднаш дневно. Немаме апри ни за облека ни за превоз. Ако сварам супа јадеме, ако не некогаш и сув леб кој морам да го месам. Многу сме загрозени- додава таа.

Денес Љубе живее само до 4000 денари социјално. Половината ја дели за такси до Ранковце и Градот, а половината за сметки, лекови и храна. Или треба да пешачат три часа или да дадат 1600 денари за такси превоз. Затоа јадат и само еднаш дневно. Често сварено фиде или макарони. А, почесто и само сув леб и вода. Немаат за повеќе. Од нервозата и не можат да живеат здраво. И, куќата е во лоша состојба. Па се што сакаат овие луѓе се макар две соби подолу во градот за да може да ја заштедат сумата што ја даваат за такси и да купат повеќе храна во иднина.

-Со 4000 денари ги гледам и ќерката и внуката. Немам помош о никој. Јас од секој наидувам на презир поради изгледот. Ме викаат ќорко, слепчо… Веќе и со второто око го губам видот. Слеп сум речиси 98 посто. Еднаш во денот јадеме зашто за повеќе немаме. Пола од социјалната помош ја даваме да отидеме со такси до Ранковце или Паланка. Нема автобус до таму и принудени сме или така или пешки да одиме три часа. Тие сами не смеат да одат до Градот се плашат не се писмени зависат од мене. А, што ќе биде после мене не знам навистина. Затоа, ве молам помогнете ми зараади нив да се сименме подолу макар две соби да имаат за да живеат полесно.

За да помогнете на ова семејство тоа можете да го направите на телефоснкиот број на Дијана 071502923 или на нејзината жиро сметка 200003796756726