Македонецот Сашко е херој на денот во Грција: Среќен крај на драмата со малата Марија од Србија
Денес јавноста во соседна Грција, но и Србија ја брануваше малата Марија која исчезна денес во грчкиот град Неа Флогита, а ја пронашол Македонецот Сашко Радуловиќ кој на групата Грција инфо објавил дека го нашол девојчето.
На неговата објава биле оставени преку илјада коментари, а со помош на споделување на таа објава и на мрежите и на медиумите, биле пронајдени родителите на девојчето.
Како што пишуваат во споменатата група, тие моментално се на пат кон својата ќерка.
– Родителите на малата Марија се пронајдени и се на пат да го соберат детето во полициската станица во Неа Мудања. Фала му на Бога што се заврши добро.
Посебна благодарност до прекрасните луѓе кои го пронајдоа детето и ја известија полицијата, а преку нашата група и пошироката јавност. Благодарност до сите што ја споделија оваа вест.