Фуркан Салиу се огласи – кажа што да направиме ако ни пречи албанското знаме

Новинарот Фуркан Салиу кој на јавноста и е добро познат на својот фејсбук профил се огласи и напиша:

-Порано кога политичари наметнуваа теми кои што создаваа омраза меѓу граѓаните се знаеше дека тоа се прави за да се прикрие нивната неспособност или некоја голема кражба на народот во позадина.

Но во последно време ова веќе поминува на друго ниво. Ова веќе е борба на идеологии подржана од структури кои силно се бореа државата да не стане дел од Нато.

Од поборник за граѓански концепт и држава иста за сите граѓани, формира партија, станува патриот, освојува значаен број на пратеници и инсистира дека помалиот не може да решава за ништо. Во најмала рака чудна трансформација.

Од друга страна имаш министер во Владата што негира геноцид, инструкции добива од центар кој што е против евроатлантските структури и отворено сеуште зборува за прекројување на границите на Балканот.

Не е ова борба против Албанското знаме, ова е идеолошка борба на мала група која што си тера бизниси во Белград, Софија и Москва а наплатува така што одработува во држава каде што 80% од политичката елита не верува дека оваа држава треба да опстои па така ова се лени пари, а за секој случај они си имаат бекап дом.

Доколку Албанското знаме пречи, имате бројки… Влада без Албанци е идеално решение.Еве 4 години нека биде таа Влада без Албанци па да видиме дали помалку ќе се краде, дали ќе живееме подобро.Власта земете ја, државата не. Канцелариите ќе ви ги подариме, ама знамињата ќе си ги задржиме… Денеска, утре, секогаш.