Мустафа од Сомалија дошол да живее во Македонија, пие ракија а омилено јадење му е турли тава

Мустафа Ахмет е млад човек од Сомалија, кој дошол да живее во Македонија, поточно сега се наоѓа во Скопје, тој краток период е овде а веќе научил многу работи.


Тој постепено го учи и македонскио јазик: Најпрво дојдов во Србија и сакав да запознаам нова земја а тоа одлука падна на Македонија.

– Овде традиционален пијалок е ракијата, најомразен збор е зборот ,,Северна Македонија” , промаја доколку добиеш веднаш треба да пиеш ракија.

– Посетив многу градови во Македонија, но секако ќе го издвојам Скопје во кој најдолго претстојувам, како и Охрид, Струмица и Куманово.

– Пробав доста јадења овде, но можам да ја издвојам турли тавата како омилено и тавче гравчето, вели Мустафа пред камерите на ,,Сител” телевизија.

– Бев во неколку земји на балканот, но можам да кажам дека овде се чуствувам најпријатно и најдобредојдено, додава Мустафа.

– Овде за прв видов трактор и имав голема желба да возам, минував низ едно неготинско село, а таму ја имав таа чест да возам.

– Кој и да ме праша јас му велам дека сум скопјанец, тие ми велат ,,Мало сутра” ми требаше долго време да сфатам во главата дека тоа значи ,,Нема шанси”

– До сега Македонија ми остави многу добар впечаток, би препорачал на сите да дојдат да ја посетат, вакви луѓе нема на друго место, додава Ахмет.