Никола Груевски се огласи пред неколку моменти за сите кои му честитаа роденден
Како што е познато Никола Груевски е еден од најпознатит македонски политичар кој беше министер за финансии во владата на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Љубчо Георгиевски од 1998 до 2002 година, претседател на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ од мај 2003 до декември 2017 година и претседател на владата на Република Македонија од 26 август 2006 до 18 јануари 2016 година.
Во ноември 2018 година изб егал во Унгарија каде што има побарано политички азил од тамошните власти откако требал да одлежи 2-годишна затворска ка зна во Македонија.
Никола Груевски е роден во Скопје на 31 август 1970 година. Татко му Тало потекнува од леринското село Крушоради во Егејска Македонија, денешна Република Грција.
Тало е доктор на науки на Белградскиот универзитет и пред тоа долгогодишен професор на Шумарскиот факултет при Скопскиот универзитет. Мајка му Надежда е од Штип, сестра на првиот министер за внатрешни работи на Република Македонија Јордан Мијалков.
Груевски основно и средно образование завршил во Скопје. Дипломирал на Економскиот факултет во Прилеп, при Универзитетот „Св. Климент Охридски” – Битола во 1994. Се здобил со квалификации за меѓународниот пазар на капитал на Лондонскиот институт за хартии од вредност во 1996.
Токму вчера Груевски го прослави својот 52 роденден а многумина симпатизери и поддржувачи на неговото дело му честитаа.
Денес на својот фејсбук профил пред неколку моменти се огласи Груевски кој што напиша:
Ви благодарам за искрените роденденски честитки. Бидете здрави и долговечни! Нека секогаш во животот ве следи среќа!