(ФОТО) Велевска се одјави и замина за Америка, а Гавазова пред да полета и порача нешто за нашите таму
Без сомнение Елена Велевска важи за една од најдобрите, најпопуларните и секако најбараните фолк поп пејачки во Македонија, но и во дијаспората.
Променета во брендирани парчиња, секогаш со средена коса, шминка соодветна на приликата во која се наоѓа и со сетоа го привлекува вниманието на јавноста.
Таа е една од дамите на домашната сцена којашто секогаш внимава на својот изглед и имиџ и што и да облече го носи со стил.
Како што беше од претходно најавено, така во пресре на новогодишните и божиќните празници, таа отпатува за Америка на туренеја.
Денес Велевска со своите музичари се одјави од аеродромот во Скопје и порача: Поздрав пријатели,се гледаме во Америка
Под ова во коментар на нејзината објава меѓу првите се огласи колешката Сузана Гавазова која напиша:
Среќен пат, ви посакува успешна туренја. Поздрав до нашите во Америка и среќни новогодишни празници.