Германците објавија кои половни возила треба да се избегнат и се подложни на најмногу проблеми
Многу луѓе се ослонуваат во германски автомобили, но АДАЦ ( Автомобилски сојуз на Германија) најголемиот германски и европски автомобилски сојуз со повеќе од 18 милиони членови,
објави кои возила треба да се избегнат или да се внимава на нивните дефекти. Се разбира кога се во прашање половните автомобили, од сојузот алудираат на нивната издржливост, а сето тоа овој сојуз го претвори во оценки.
Почетната точка за годишните извештаи на АДАЦ се повиците на возачите до германска помош на пат. Резултатот е евалуација,
Што е повторно пресметување на бројот на повици за по мош на 1.000 примероци на одреден модел регистриран во Германија во одредена година.
Во продолжение ви претставуваме автомобили од германски марки кои се стари 10 години, односно од 2012 година, чија стапка на дефект е оценета како средна или висока.
НА листата со почетно ниво и просечна оценка 19 е Форд Фиеста, потоа доаѓа и Волксваген Кади, со стапка на расипливост 19,4.
Фолксваген Туарег има стапка на расипливост од 19,6 тој е водечки СУВ и е за љубителите на високиот комфор и одличните перформанси,
Но исто времен автомобил и за тие кои не се плашат од високите сметки за услуга. Автомобил механички сличен на Порше Кајен е скап и тежок за поправка.
Мерцедес А Класа стапка на расипливост од 2012 година: 20,9 (просек), Опел Мерива стапка на расипливост од 2012 година: 22,1 (просек)
Фолксваген Шаран, стапка на расипливост од 2012 година: 35,2 (многу висока), Форд Ц-макс, стапка на на расипливост во 2012 година: 32,8 (многу висока)
Опел Зафира стапка на расипливост од 2012 година: 27,6 (висока) Опел Инсигниа , стапка на расипливост од 2012 година: 26,4 (висока)