Скопјанец поради долг за одржување на дуќан кој е затворен може да остане без семејната куќа
По 12 години го отвора дуќанот. Откако го затворил, сопственикот Еркин Ајдин локалот го издавал под кирија, но никој не пројавил интерес да го земе или купи, раскажува тој за ТВ21.
Иако затворен повеќе од 10 години, Ајдин морал да плаќа сметки на АД ГТЦ.
„Секој месец треба да се плаќа 20.000 денари за сметки, што е 240.000 денари годишно. Тоа за 5 години е 1 милиони денари, плус на тоа оди каматата, како и на извршитело трошоците со што се добива голема сума.
Ние сме согласни да плаќама некој паушал кој би бил со сума во ред, а не ваква. Во договорот на крај пише дека се ќе биде решено на суд, но тие не даваат на извршител и да ми ја земат куќата.
Ајдин се жали за високите сметки, кои не ги плаќал, бидејќи, како што вели, не го користел дуќанот. Вели дека директорот веднаш го дал на извршители, кои сакаат да му ја одземат куќата, а не дуќанот.
Ваквите поплаки ги отфрла директорот на ГТЦ, Ѓоко Трајчевски. Вели дека сопствениците на затворените дуќани, вклучително и Ајдин, можат да ги издадат дуќаните под кирија и да ги покријат трошоците, но не сакаат.
Трајчевски негира дека постапката за долгот на Ајдин завршила директно на извршител, а не на суд, вели дека никогаш не би му ја одзел куќата.
„Јас би му порачал на Ајдини, како пријател зошто затворен дуќан е најскап дуќан. Или да го отвори дуќанот или да го даде под закуп. Или да се обрати до ГТЦ па ние да му помогнеме да се издаде. Јас не знам зошто толку години не е.
Одржувањето на дуќаните се плаќа по 4 евра од метар квадратен или за дуќан од 50м2, 200 евра месечно. Здружението на дуќанџии бара да се склучат нови договори со АД ГТЦ за дуќаните да плаќаат паушал до 2000 денари доколку се затворени, како во другите ТЦ од отворен тип.