Цената на огревното дрво изгор скапа, а и тешко се доаѓа до него – многу граѓани не знаат на што ќе се греат
За само неколку недели нов ценовен пик за огревното дрво. Кубик во приватните складишта се продава по над 5000 денари. Ова за ТВ 24 го потврдуваат дел од складиштата, градоначалници, но и граѓани.
Кубик дрво од државната национали шуми се продава по цена од 3500 денари, вели директорот за ТВ 24 и тврди дека има доволни количини на огревно дрво.
Се одбројува до почетокот на грејната сезона , но многу граѓани пенизонери ширум земјава останаа без платените договорени количини на дрва откако пензионерските здруженија им ги раскинаа договорите.
Сега се принудени да го платат дрвото по многу повисока цена со проблеми се соочуваа пензионерите од Штип, Кочани, Свети Николе, Киечево.
Од друга страна цената на струјата се зголеми , во најава е ново поскапување од 1 јануари – и огревното дрво и палетите стануваат алтернатива за греење која се поскапо ги чини граѓаните.
Освен што поскапе огревното дрво поскапеа и пелетите. За греење на пелети дури се даваа и субвениции, а сега нивната цена порасна. граѓаните во пресметки колку исплатлива е оваа инвестиција за греење.
Останува отворено прашањето колку е реално и оправдано драматичното поскапуавање на огревното дрво и на пелетите кое што се случува во пресрет на новата зимска сезона.