Македонскиот фудбалер имал огромна среќа – познато зошто токму овие два дена се вратил од Газиjантеп во Скопје
Некои велат дека ова е можеби најголемиот земјотрес во Турција досега – силен како оној што се случил пред повеќе од 80 години, пренесува Би-би-си.
Моќен земјотрес утрово се случи во широка област во југоисточниот дел на Турција близу границата со Сирија кој досега однесе над 500 човечки животи.
А многумина се заробени под урнатините. Американската геолошка служба соопшти дека земјотресот имал јачина од 7,8 степени според Рихтерова скала, а бил на длабочина од 17,9 километри близу градот Газијантеп.
Турските власти кажаа дека од земјотресот се погодени десет градови, вклучувајќи ги Малатија, Адана, Дијарбакир и Санлиурфа.
Градот во кој се видливи најголемите последици е Газијантеп, градот во кој живее и игра за истоимениот тим нашиот младински репрезентативец Лука Станковски.
За среќа Лука Станковски сето тоа го одбегна поради фактот дека добил од клубот два слободни дена и тој овие вести од Турција ги слушна во Скопје.
Некогашниот фудбалер на Работнички утринава е во постојана комуникација со клубот, исто така е и во комуникација со неговите клупски соиграчи.
Зградата каде што е неговиот апартман е во ред па така една грижа помалку за Лука.