(ФОТО) Ферус Мустафов го носеа на раце
За Ферус Мустафов е познато дека важи за еден од најдобрите и најбарани македонски кларинетисти и саксофонисти. Мустафов е роден во Штип, Југославија, во ромско семејство на музичари и е син на Илми Јашаров.
Неговата професионална кариера започнала на седумнаесетгодишна возраст додека студирал виолина и кларинет во локална музичка академија.
Што и да се напише за него би било премалку, прескромно и не би можело да го опфати целиот неговиот живот полн со многу музика, турнеи, дружења, музички соработки и гостувања насекаде по светот.
Знае да свири на 13 инструменти, но неговата најголема љубов е саксофонот, па не за џабе го нарекуваат “кралот на саксофонот” и така го препознаваат сите.
Тој периодов е доста активен на професионален план и најмногу настапува на свадбени веселби.
Па така пред неколку дена на фејсбук се појави објава со фотографија на која се гледа како негови колеги го држат и носат во раце Ферус Мустафов:
На кралот местото му е на пиедесталот. Кинг Ферус Мустафов и ве;ерва заедно со нас Група Круна на уште преубава свадба овој пат во Куманово.
Честитки и за нашите вечерашни младенци Ивана и Боки. Бог да ви подари долг и срекен брак