Јован со ,,Фиќото” старо 45 години му пркоси на времето, во најголемиот снег без проблем поминува
Јован Митровиќ од Ниш е еден од ретките кои во изминатите денови се упатија кон снежните падини во најголемиот снег на планина и тоа со автомобил „Фиќо“ стар 45 години.
Иако за многумина самиот почеток на патувањето низ виулицата и ветрот е само замисла за Јован сето ова е голема реалност.
Како што вели Јован за Телеграф.рс, колку се понеповолни условите, толку е попредизвиклива и поинтересна задачата за него и за црвена машина.
Имено, имал одреден стра в, но не од лоши временски услови, туку од нови автомобили кои му параирале на неговиот автомобил.
– Кога станува збор за ,,фиќото”, стра вот е секогаш присутен, аma не поради премногу снег, туку поради големите автомобили околу него, вели низ шега Јован.
Денешните автомобили се во просек од 1500 до 2000 килограми, а малото ,,фиќо” тежи само 600 , па секој контакт со автомобил би бил многу опасен за мене и за мојот син – вели Јован.
Иако има години, машината на Јован се уште не наишла на пречка која не можела да ја надмине, а Митровиќ вложил максимални напори да ја врати во „фабрички поставки“.
– Фала му на Бога, се уште не сме имале никакви проблеми и не наидовме на пречка што фиќото не можеше да ја надмине.
– Автомобилот е стар 45 години, го купив полуреставрирано и за неколку месеци средив 99% од дефектите што ги имаше. Па сега е вистинска убавица – заклучува Јован.