Зора од радовишко изгубила две деца и сега едвај врзува крај со крај: На голема мака сум ама никој не ми верува
Зора Јанева е 65 годишна жена од Подареш која судбината пред повеќе од четириесет години ја носи во Покрајчево за да основа семејство. За себе таа ќе рече дека била принудена да работи уште од свои осум години.
А, надежта за поубав живот ја спојува со Спасо со кого ќе добие четири деца. Две машки и две девојчиња. За жал живи ќе и останат само девојчињата. Едното момче го губи уште како бебе, а второто поради леукемија пред неколку години.
Да не даде на никој Господ жена да почувствува загуба на дете. Јас тоа два пати го доживеав и одвнатре сум мрт ва- ќе каже Зора пред камерите на Срце на дланка.
За жал ова семејство покрај големите загуби одамна е мр тво и со духот, затоа што нема никаква подdршка, нема никаков приход за да преживее во месецот, а, веќе и здравјето и годините им ја откажуваат лојалноста, па тие не можат да работат на нива за да извадат некој денар.
А, домот стар и повеќе од сто години е приказна за себе. Поради лошата финансиска состојба низ годините очигледно прадедовците на Спасо се единствените кои заковале шајка во неа. Затоа, ова семејство посака да го раскаже својот проблем и да побара помош ако ништо друго барем да се прехрани.
Зора Јанева како и секој човек на овој свет посакувала се најубаво во својот живот. Затоа и вредно работела по нивите и полињата уште кога живеела во куќата на татка си.
На 22 години од Подареш за нов дом го одбира домот на Спасо во Покрајчево со кого ќе добие четири деца. Но, очигледно судбината уште на почеток ќе и покаже дека животот нема да и биде воопшто лесен.
Па, уште како бебе го губи првиот син, а, после повеќе години ќе го изгуби и вториот пород. Останува само со две женски деца и ќе рече. –Никој не ми ја разбира маката. Да не даде Господ на ниедна мајка да остане без чедото!
Денес покрај сите загуби најмногу ја боли тешкиот живот, беспарицата, стариот дом кој не е обновен уште откако е направен, ја боли главата, ја боли отфрлувањето од народот и најблиските, но, ја боли и што и покрај тешкиот живот не добива никаква социјална помош затоа што на име на сопругот имало неколку ниви кои никој не сака да ги купи.
Како капак на целата мака е и сообраќајќата што пред две години се случила и во која повеќе на страдал Спасо. Како резултат на тоа денес тие денес едвај се движат и не се способни ниту да работат на нива.
– Не сме способни. Кој да ти изора, да ти сее. Не можам веќе јас. Кривиме, 2010та сообраќајка имавме, а нему и двете нозе му беа ск ршени.
Јас сум работела, од 8 години сум земјоделка по старо време како што било, се сум работела и сме жнееле, копале, наводнувале, и „дрварка“ сум била, и „сеч арка“, се е на мене. И ова што одам полека полека, едно магаре имаме килаво и тоа не може да оди.
И така одиме двајцата, ќе донесеме малку дрва, немам пари со што да ги купам, луѓето купуваат но ние немаме од каде да купиме? Многу на голема ма ка сум ама никој не ми верува. На која се живи децата лесно е, и мажот и да по чиние, ама деца кога се живи па друго е, Ќе се врти со нив, ама дете испрати ли, тешко е, низ плач објаснува Зора.
Зора и Спасо навикнати се на сиромашен и прескромен живот. За нив многу би значела мала помош во била каква форма само еднаш после толку многу години да може да си ја вратат насмевката на лицата.
– Блокираа ни сметката и сега тутун што го вадевме тие години не смеевме договор на наше име па на туѓо име го носевме. Нема кој да не поддржи. Имаме фрижидер, ама што има во него – пипер печен, месо нема.
Не ми се оди ни на продавница нема пари. Само за лекови што давам, гледам ноќта да помине да самне да се разодеш и мине времето. Ама ноќе разни сонови ми доаѓаат.
Луѓето имаат пари, купуваат, шетат, а јас нигде не сум отишла. Ни како млада, ни на овие години, а еве комшиката сега во Злетово на манастирот ќе оделе, ми вели ај да одеме по 1200 денара, јас и викам од каде ќе ги најдам тие 1200 денари?
Јас сакам да идам малку да се расположам ама каде ќе одиш без пари? Со тие 1200 денари јас ќе си купам вреќа брашно да не трпам за леб, објаснува Зора.
Навечер понекогаш кога остануваме сами со мислите размислуваме за онаа на листа на повр еди. Размислуваме колку се луѓе не повр едиле и воочуваме колку таа листа е долга. Наспроти тоа, и гледаме колку е мала листата на оние кои ни се извиниле за таа пов реда.
Колку само секој ден помислуваме дека заслужуваме нешто убаво, а, тоа убаво одамна не ни се случило. Ако не можете да им простите на повеќето луѓе од таа листа, барем простете си себеси. Зашто заслужувате поубав живот, затоа дајте си шанса.
Доколку сакате да им помогнете на Зора и Спасо Јаневи тоа може да го направите на телефонскиот број 070522196 Зора. Во продолжение може да ја проследите целата сторија преку видео прилог.