Познатата водителка се прости од близок член на семејството: За тагата во очите нема шминка
На балканските простори Сузана Манчиќ е јавна личност која ретко кој не ја знае од телевизиските екрани.
И во времето на Југославија, но и денеска ја држи својата популарност како препознатлива пејачка, водителка, глумица, медиумско лице.
Сузана Манчиќ важи за една од најубавите и најнегувани жени од нашата јавна сцена, а сега открива која е тајната на добриот изглед, како и што ги советува сите жени.
-Прво да се сака себеси и да биде подготвена половина час или час да ги запоставува домашните работи, семејството и децата и да каже: „Па, ова е мојот половина час, никој да не ме дира“. Секоја жена е за себе и нема посебен рецепт – изјави Сузана за Република.
Сузана Манчиќ објави дека нејзината сестра се упокои, а оваа тажна вест ја сподели со пријателите на социјалната мрежа Инстаграм и се прости со пораката:
– Шоуто мора да продолжи… Знаете ли како изгледа животот за нас кои сме во шоубизнисот? Има фризура, шминка, светки под рефлекторите, се насмевнуваме…
Но, за тагата во очите нема шминка. Вчера снимив три емисии, а душата ми плачеше бидејќи знаев дека некој близок и драг засекогаш заминува. Мојата сестра Душица. Амин – објави водителката.
Зборовите за утеха и поддршка не престануваат да пристигнуваат на нејзиниот профил, а водителката е благодарна на сите што се со неа и нејзиното семејство во овој тежок момент.
Сузана беше многу блиска со својата сестра, бидејќи и беше голема поддршка, а целото семејство е неутешно по нејзиното ненадејно заминување.