Македонците во Австралија со душа ја чекаат: Интересот е преголем да се види најголемата дама на 21ви век
По подолгата пауза, македонските фолк – пејачи продолжија со жнеење на настапи ширум дијаспората.
Америка, Австралија, Скандинавија, цела западна Европа, се само дел од местата коишто им се омилени на естрадните уметници.
Како што е познатоа далечниот контитент Австралија е дом на многубројни наши исленици. Македонци во Австралија или Австралиски Македонци — едно од поголемите етнички малцинства во државата со над 100.000 припадници.
Македонците во Австралија се можеби едни од ретките во дијаспората кои силно се решени да си ја зачуваат традицијата, јазикот, фолклорот.
Но, најмногу од се, уживаат кога ќе ги посети некоја наша музичка ѕвезда и ќе ги почувствуваат македонскиот дух и забава во туѓината.
Меѓу плеадата наши музичари кои беа и ќе заминат на турнеја во Австралија годинава се незаменливата Сузана Гавазова, Борче Наумовски, Виктор Македонски, Гоце Бананата и други.
За најголемата Бум – бум турнеја се огласија на Фејсбук во објава која стои:
Најголемата Музичка група од Македонија наскоро ќе полета за АВСТРАЛИЈА. Интересот е преголем да се види и чуе најголемата Македонска Фолк дама на 21 век Сузана Гавазова заедно со Борче Наумовски -Министерот ,Виктор Македонски Гоце Бананата и Македонските убавици на Пикси Шанел од Битола, Македонија.
На 24 Март ќе биде првото музичко крштавање во градот Волонгонг. Потоа се редат сите градови во Австралија. Мои Македонци и Македонки бидете спремни и горди на Македонскста песна и музика.