Есејот на седмоделенката Еви на темата “Како се постигнува успех во училиште“ остава без зборови
Тамара Јованов, сопругата на пратеникот и лидерот на Левица,Димитар Апасиев на својот профил на фејсбук сподели статус во која напиша:
Она кога, возрасните треба да учат од децата! Извадок од есејот на Еви (7 одд.) на темата “Како се постигнува успех во училиште?”
За мене успехот значи да се трудам да направам нешто и тоа да го правам најдобро што можам. Во успех во училиштето спаѓаат доброто однесување, дисциплината, вложениот труд, учењето и наградата која следи изразена преку оценките.
Важно е и како го постигнуваме успехот. Ако оценките ги добиваме со препишување и мамење, тоа не е вистински успех. Ако успехот е постигнат со работа, учење и време кое било вложено за постигнување на одредена цел, тогаш тој успех сам по себе е награда, затоа што со него сме стекнале знаење.
Сепак, успех не е само учењето, туку и нашето однесување. Со него треба да воспоставуваме добри односи со сите околу нас. Добрите односи се подеднакво важни како учењето, затоа што се основа за другарството.
Јас, секој ден на училиште се трудам да го балансирам вложувањето труд со доброто однесување, за да имам и добри оценки и другари.
Мислам дека сите би требало да се стремиме кон тоа