Градоначалникот на Кочани искрено проговори за првите заработени пари од земјоделие: Не ми е срам
Љупчо Папазов е актуелен градоначалник на Општина Кочани кој мандатот го доби на изборите во 2021ва година.
Како и за сите други јавни лица, така и за г-дин Папазов народот сака да дознае нешто повеќе за неговиот живот зад камерите.
Градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов беше гостин во емисијата Шоу Магазин на Сител каде зборуваше за фудбалската кариера во младоста, но и за тоа со што работел друго додека бил млад.
Можеби само најблиските знаат дека г-дин Љупчо Папазов првите пари ги има заработено од третирање на ориз со хемиски препарати.
– Веројатно развојот го донесе тоа и брзината и начинот на живот. Инаку за првите пари заработени во животот дали на крајот на основното образование, или на почетокот на средното, имаше традиција преку лето да се плеви.
Да се плеват оризовите површини, возрасните кои учествуваа и обезбедуваа дополнителни извори на приходи знаеја да ги препознаат плевелите а таквите почетини како мене ги собираа и ги изнесуваа полозите во дајамите.
И не ми е срам, туку и задоволство и исполнетост од првите заработени пари на ваков начин. Подоцна имав можност да работам и во орнажериските комплески, изјави тој.