Митко Јанчев и полицаецот Мите Миленковски со херојски потег кој живот значи
Градоначалникот на Кавадарц,Митко Јанчев знае често да го привлече вниманието на јавноста, особено на граѓаните на Кавадарци, кои велат дека се задоволни од неговото работење.
Тој е еден од најуспешните приватни стопанственици кај нас, сопственик на фабриката за производство на вода, „Кожуфчанка“ од Кавадарци.
Јанчев е познат по својата хуманост и борба за општествена одговорност, а тоа го потврдуваат големиот број на активности и донации во сите сфери на општеството. Поддржувач е на голем број спортски настани и спортски клубови, како во Кавадарци, така и низ целата држава.
Во текот на вчерашниот ден Јанчев повторно привлече внимание, а станува збор:
„Денес при пад од мотоцикл на улица ЈНА на наш 50 годишен сограѓанин му е спасен животот со брза интервенција на полицаецот Мите Миленковски и градоначалникот на град Кавадарци Митко Јанчев,кој први се затекнале на местото на несреќата и со брза и благовремена реакција е спасен човечки живот.” објавено фб профилот на Реално Кавадарци