Сања од Скопје ги оставила петте деца и се премажила: Не можев повеќе да бидам тепан, сега сум сиромашна, но барем мирно спијам
Сања Алексовска е родена во Скопје. Првиот дел од детството таа ќе го опише како мирно, се до нејзината 14 година, кога како што ќе рече таа, мајка и принудно ќе ја омажи во Кратово. За период од единаесет години ќе рече таа, родила пет деца и секојдневно била жртва на семејно насилство. Пред извесно време, била принудена да избега од сопругот во Кратово, со образложение дека не можела повеќе да го трпи насилството.
Избегала кај Зоран во Клечовце, за кого ќе каже дека многу ја почитува, конечно го пронашла мирот, но, многу и фалат децата и само еднаш месечно ги слуша по телефон, кога ќе и дозволи социјалното. Таа не јадела- ќе рече Сања, само децата да имаат храна. И, навистина тешко е за една мајка да живее далеку од најмилите.
„Сега живеам мирно, но, немам за храна, зашто јас не можам да се вработам, а сопругот од здравствени причини не може да работи„- вели Сања за нејзината моментална животна ситуација. Живеат само со 5000 денари социјална помош, од кои средства повеќето одат за сметки и исплата на достасани кредитни обврски. Затоа, очајно замолува или да најде работа за да можат да се прехранат или да им се помогне со храна и средства за хигиена за да можат да ја надминат тешката финансиска криза.
Сања Алексовска потекнува од Керамидница, скопско. Во детството имала и убави моменти, но, повеќето ситуации од тој период ќе ги опише како стресни, поради несогласувањата на нејзините родители и заминувањето на нејзината мајка.
Сепак нејзиното влијание направиле таа да биде принудно омажена на четиринаесет години и да роди пет деца. Цела деценија ќе каже таа живеела во тешки услови и малтретирана, затоа еден ден дури и по цена да ги изгуби децата со спакувани куфери се сели во село Клечовце, во домот на нејзиниот сегашен партнер Зоран.
-Многу млада бев принудно омажена од страна на мајка ми. Од Керамидница во Скопје заминав да бидам невест во друг град. Доживеав пекол. Секој ден бев тепана и не можев да спијам од болки –започнува да го раскажува Сања својот живот. Имам пет деца од тој брак. Еднаш се обидов да избегам кај мајка ми, но, се вратив заради нив. Многу ми фалеа. Повторно се случуваше истиот хорор и затоа реков морам да заминам оттаму ако сакам да си ја спасам главата- вели таа.
Можеби денес Сања живее мирно и заспива без ќотек, но, тежок е животот со 5000 денари ќе рече таа, а ниту таа ниту Зоран не можат да најдат работа. Често знаат да останат без храна, повеќе ни на вересија не им даваат по продавниците, затоа спас и иднина гледаат во помошта од граѓаните и евентуално вработување нејзино или на Зоран.
-Веќе извесно време сум во Клечовце кај мојот сегашен партнер кој барем не ме тепа. Сиромашно живееме, ама спијам на раат. Жал ми е за децата кои само еднаш месечно ги слушам на телефон и ми фалат, ама бидејќи немам работа и сигурен дом не ми беа доделени мене. Знам дека еден ден ќе разберат зошто сум морала да ги оставам- додава Сања.
Иако, тука ми е убаво за првпат во животот, ниту јас, ниту сопругот не сме вработени и живееме со минимална социјална помош. Ни помага свекрвата, но, и таа ги чува децата од золвата и нема ниту за нив. Затоа, ако е можно да ни се помогне барем некој од нас да се вработи за да можам да продолжам со животот-завршува Сања.
Доколку сакате да помогнете на Сања Алексовска и на нејзиното семејство тоа може да го направите на нејзината лична трансакциска сметка 270-7000671343.28 Халк банка и на нејзиниот телефоснски број 076873065