Започнаа да поефтинуваат цените – продуктот кој меѓу првите започна да поскапува сега се купува со помалку пари
Намалувањето на цената на рафинираното масло и сончогледот на светските берзи, придонесе да се намали цената на маслото за јадење во земјава. Производителите велат дека овој тренд ќе се задржи најмалку до пролет
img class=”alignnone size-medium wp-image-142″ src=”https://insiderevening.com/wp-content/uploads/2022/09/bela1-300×1.png” alt=”” width=”300″ height=”1″ />
Откако цената на маслото за јадење стигна до 150 денари, таа бележи опаѓање. Деновиве може да се набави еден литар и за 110 денари. Тоа се должи на падот на светските берзи, објаснуваат од велешката фабрика за масло. Сончоглед има во изобилие и во Србија, Бугарија, Украина.
img class=”alignnone size-medium wp-image-142″ src=”https://insiderevening.com/wp-content/uploads/2022/09/bela1-300×1.png” alt=”” width=”300″ height=”1″ />
Годинава и во Македонија има род од рекордни 10 илјади тони, што е најмногу последните десетина години. Истиот заврши во силосите на „Маслодајна“ како единствен преработувач на сончогледот во Македонија. Тоа исто така влијае на пониската цена.
img class=”alignnone size-medium wp-image-142″ src=”https://insiderevening.com/wp-content/uploads/2022/09/bela1-300×1.png” alt=”” width=”300″ height=”1″ />
Потрошувачите велат, дека намалување на цената на маслото за јадење има, но не е така како што тие очекувале.
img class=”alignnone size-medium wp-image-142″ src=”https://insiderevening.com/wp-content/uploads/2022/09/bela1-300×1.png” alt=”” width=”300″ height=”1″ />
Најавената владина помош поради висока цена на струјата, производителите на масло за јадење ја поддржуваат и велат дека е добредојдена.
img class=”alignnone size-medium wp-image-142″ src=”https://insiderevening.com/wp-content/uploads/2022/09/bela1-300×1.png” alt=”” width=”300″ height=”1″ />
Овој тренд на намалување на цената на маслото, според производителите ќе потрае до пролетните месеци, до кога е извесно дека не се очекуваат повисоки цени.