Претепан фудбалски судија кој судел меч на деца – итно со повреди пренесен во болница
Дека во македонскиот фудбал не цветаат рози не е непознато, а дека има бројни инциденти на терените и трибините и тоа веќе е видено.
Но дека ќе има инциденти и тоа сериозни кај најмладите категории, е тоа е веќе загрижувачки.
Како што е познато во периодот од 26. до 28. мај на ФФМ тренинг центарот „Петар Милошевски“ се одигруваат натпреварите од финалниот турнир од Детска Лига за сезона 2022/23.
Имено викендов на терените на ФФМ во Скопје се играат завршните турнир за најмладите, поточно во Детската лига.
Како што пренесува спортскиот портал Спортмедиа, на истиот турнир бил тепан судијата Горан Милошевски.
Имено тој бил нападнат од претставник или тренер на Шкендија, бил повреден и префрлен во болница. Додека напаѓачот бил приведен од полиција.