Тања од радовишко: Ме задеси несреќа и не можам да работам, пола плата на сопругот оди за мои лекови, па за куќата не останува ништо
На Тања убавите спомени и се поврзани само со детството кое го имала во Штип. Вели дека потекнува од богато семејство, кое и овозможило да има убаво убаво и безгрижно детство. Сепак, можеби сама одлучува да испише побурни доживувања во мирниот живот, па многу млада на само 15 години, таа одлучува да се омажи во Струмица, каде за првпат ќе започне да го живее пеколот.
Додава дека била жртва на семејно насилство, дека и таа и двете ќерки биле малтретирани од сопругот алкохоличар, па, откако ќе собере храброст, набрзо и ќе се разведе и сама ќе продолжи да живее со двете ќерки. Тие набрзо се мажат, и Тања останува сама.
Но, не за долго, бидејќи среќата ќе си ја пронајде во Ораовица, во домот на Миле, за кого ќе каже дека многу ја почитува и имаат убав живот со разбирање, но, сепак, платата што тој ја заработува не може да им обезбеди сигурност и начин како да ја поправат куќата која тече од сите страни.
До пред извесно време работела во различни ресторани и заработувала и таа, но, несреќата на работното место ќе и ја повредат ногата до таа мера што веќе нема да биде способна ни да се движи убаво, а, не да работи постојано. Многу е тешко да се живее во стара куќа без под и без кров. Кој век е денес ќе праша Тања за човек да мора вака да живее. Со страв спијам навечер зашто ми е страв да не се распадне се врз мене, а минималната плата на сопругот не ми стигнува само да купам лекови за моите болести- додава таа. Затоа, Тања верува во хуманиот народ и дека еден ден ќе се разбуди во нов амбиент и среќно ќе заспива во ноќите.
Тања е родена во Штип во богато македонско семејство. Сепак, многу млада ќе одлучи да влезе во светот на возрасните и на 15 години се сели во Струмица во домот на нејзиниот сопруг. Сепак, ќе каже таа, после долги години семејно насилство врз неа и ќерките Ленче и Анче, ќе одлучи да замине и да започне нов живот.
Во новите страници од нејзината животна приказна ќе се појави Миле од Ораовица, со кого пред 8 години се мажи и преселува во неговиот дом. На почетокот од бракот со него ќе мора да ја чува и неговата болна мајка. А, бидејќи тогаш немале ниту струја ниту вода, морала да пере се рачно поради што денес ги трпи последиците.
-Убав живот имав додека живеев кај моите родители. Но, за жал млада си заминав од кај нив мислејќи дека поубаво ќе ми биде ако се омажив, и на 15 години ја направив најголемата моја животна грешка. Се омажив, и иако му родив две ќерки на сопругот сепак тој не малтретираше, не мачеше, ги тепаше дури и децата. Морав да заминам од кај него, но и ќерките се омажија млади, па јас почнав да живеам сама во Струмица. Работев секаде каде ќе ме повикаа и следниот периот ми бее ако ништо друго, барем помирен од порано- ја зпочнува својата тешка животна приказна Трајанка (Тања) од Ораовица, Радовиш.
Тања сиот живот се трудела и работела по ресторани и заработувала, но во една несреќа на работното место таа ќе ја скрши ногата и повеќе нема да може да стои подолго време. Единствен приход на ова семејство е минималната плата на сопругот Миле која не е доволна за да се поправи куќата која од сите страни тече бидејќи нема кров. Парите не стигнуваат ниту за внатрешно уредување на собите и правење тоалет, па и зима и лете тие се принудени да се снаоѓаат во импровизирани услови.
-Немаше дена да не одам на работа. Каде ќе слушнев ќе отидев, но еден ден така паднав од плочките и со месеци бев во гипс. Најголемата среќа ја добив кога се премажив во Ораовица. Со сопругот животот ми е мирен, но, немам услови за да живеам среќно. Од сите страни кровот тече, ѕидовите се распаѓаат, а, нема под па прашање на време е кога ќе се лизнеме и паднеме-додава таа. Половина од платата на сопругот даваам за лекови, не останува за да ја средиме куќата!
Се што сака Тања е да има начин да ја поправи куќата и да може остатокот од животот да го помине мирно и среќно.
Доколку сакате да и помогнете на Тања од Ораовица, тоа може да го направите на нејзиниот телефонски број 070846081 или на нејзината трансакациска сметка:250500024425947