(ФОТО) Лила се огласи од познатиот манастир: Место со неверојатна енергија каде се губиш во простор и време и каде што имаш чувство дека немаш веќе никаква мака и проблем
Нашата најпозната водителка и инфлуенсерка Лила Филиповска пред некое време кончено обзнани дека во периодот од декември 2020та се соочувала со патешествие.
Имено, Лила, умешно криејќи од јавноста, се соочила со една од најподмолните бо лести на денешницава за што почна јавно да зборува во емисии.
Но, со силна волја и храброст, Лила излезе како херој после оваа битка, едноставно се прероди и го живее животот максимално. Не пропушти снимање на емисијата Се или нешто, а нема слободен момент а таа да не го искористи за да летне до некоја дестинација.
Според она што го објавува на социјалните мрежи, деновиве беше во Будва, а сега сподели инспиративна и духовна порака од манастирот Св. Василиј Острошки:
Велат дека нема да одиш на Острог дури Св Василиј не те повика ! И еве конечно, денес дојдов во еден од најпосетените манастири воопшто посветен на еден од најпочитуваните светци во христијанството за кого се верува дека е чудотворец и исцелител Св Василиј Острошки
Манастир во кој доаѓаат сите без разлика на вера и религија како и не би бил кога неговите мошти се изложени и многумина сведочат на чуда. Место со неверојатна енергија каде се губиш во простор и време и каде што имаш чувство дека немаш веќе никаква мака и проблем. Ви посакувам добро здравје драги пријатели