Ристе од пехчевско сака да остане тука и да си ја чува стоката, но има еден проблем за кој бара решение од општината
Иако денес е реткост младите да се занимаваат со земјоделие или сточарство, од истокот на земјата доаѓа успешен пример на 18-годишниот Ристе Ивановски кој одлгедува стока. Потекнува од селото Панчарево, пехчевско, но за да го сочува стадото и не размислува за странство има само едно барање и еден проблем. Од општината Пехчево или државата бара до неговата штала малку да му се поднаправи патот за полесен дотур на храна за стоката.
– Јас имам сега некаде околу 20 и некое грло на стока, кози и овци имав над 50 – 60 грла, но тежок пристап за да се дојде, да се достави храна од возило, камионче или слично возило.
Сега сум приморан да платам човек којшто мора да биде тука нонстоп со стоката, да ги гледа животните и со инициајтива до Владата ако може нешто да се поттикнат младите земјоделци да се потпомогнат да се купат уште животни.
Јас сум млад – 18 години, сакам да се вратат дел од младите во руралните подрачја каде може да инвестираат и доста добро да заработат, вели Ристе за ТВ Стар.
Досега проблемот Ристе го поставувал неколку пати а градоначалникот на Пехчево Александар Китански му ветил дека ќе помогне , но помошта сеуште ја нема, вели младиот сточар.
– Во нашето село за да се дојде докај мене има макадамски пат од негде околу 1 до 1,5 км , тешко пристапно се доаѓа до мене, тешко е со возило а уште потешко и со товарно возило. Неколку пати сум се обраќал до градоначалникот Александар Китански, но не е испратено возило за да се санира патот да се поправи малце од малце за да се дојде до мојата штала, додава Ристе.
ТВ Стар денес го запраша Китански, дали општината ќе го охрабри Ристе во неговата надеж дека општината ќе му помогне на него и на стоката да преживеат.
– Лице со такво име и презиме во општината и кај мене досега не се јавило за посочениот проблем, изјави градоначалникот Китански за Тв Стар
Со вакви и слични проблеми сточарите од овој крај се соочуват во многу случаи, но помошта до нив стигнува или многу тешко или никогаш . Сепак, Ристе е оптимист.