Панчо откри што му рекла баба Драгана кој продава цвеќиња на +40: А бе синко да не си ми во кожа
Владимир Блажев или попознат како Панчо од ДНК на својот фејсбук профил се огласи со објава во која вели:
Ова е баба Драгана која има околу 80 години и продава цвеќиња на +40 кај семафорите во тафталџе на паркингот кај Веро.
Пред да ме растргнете во кометари од типот: зошто објавуваш ако помагаш или ова го правиш за поени и не знам уште што, би ве замолил вас истите (нормално и останатите) кога проаѓате да застанете ако сте во можност и да купете еден букет убаво свежо набрано цвеќе кое чини 150ден.
Јас денес ја испратив порано накај дома, а верувам дека тоа може да го правиме скоро секој пат кога е таму.
Си помуабетивме додека и го викав таксито (Прекрасен господин од такси Глобал компанијата, кој неќеше да ми земе ни денар кога увиде за што станува збор) и се што запамтив е дека ми кажа: А бе синко да не си ми во кожа ….
Да не должам и бидам патетичен (тоа не е поентата) само сакам да испратам апел до сите вас да помагаме каде што можеме поготово во вакви случаеви за на крајот да докажеме дека ЉУБОВТА секогаш ПОБЕДУВА.