(ФОТО) Крвта не е вода – Спенџарска ја покажа баба си од која ги наследила шармот и убавината
Без сомнение Јелена Спенџарска е една од највпечатливите и најпрепознатливи ТВ лица во Македонија која е повеќе од една деценија во медиумскиот простор.
Уште повеќе знае да привлече внимание со нејзиниот модерен, но истовремено префинет стил, а неретко знае и да си поигра со смелите комбинации во повеќе бои.
Изминатиов период ја немаме можноста да ја гледаме секојдневно во утринските емисии, само понекогаш, но тоа е затоа што Спенџарска се пресели кај својот партнер во Солун и во Скопје доаѓа по потреба.
На социјалните мрежи може постојано да следиме каде е, што прави и со кого, па неретки беа моментите споделени со нејзиното семејство и нејзините мали внуки.
Овојпат, Спенџарска сподели фотографија на која се наоѓа заедно со нејзината мајка и нејзината баба. Со сигурност може да заклучиме дека сите три изгледаат совршено, младолико, со оглед на тоа дека станува збор за три различни генерации.
Нејзината баба изгледа фантастично со фенираната коса – па, се гледа од кого Јелена ги наследила убавината и харизмата.