Синоќешна куќна слава Св Архангел Михаил заврши со двајца во болница и тројца во полиција
Христијаните вчера го славеа големиот празник Свети Архангел Михаил. Многумина имаат куќна слава, а некои слават и именден.
Но она што ни пристига за една ваква куќна слава е далеку од сите нормални очекувања.
Двајца мажи се пов редени, а тројца уапсени по тепачка што според првичните информации настанала на прославата на куќна слава на Свети Архангел Михаил во Алексинац, дознава „Блиц“.
Конфронтацијата се случила во приватна куќа во Алексинац, каде се судриле гостите кои најверојатно биле под дејство на ал кохол.
-Едниот од пов редените има убодна ра на, додека другиот е повреден во тепачка, вели изворот на „Блица“.
Повредените се пренесени во Клиничкиот центар во Ниш каде се задржани на лекување. Нишката полиција официјално потврди само дека две лица се п овредени и дека тројца мажи се уапсени и задржани до 48 часа.