Беше бездомник, а сега животот на Неџат полека се средува: Среќен сум зашто нема да мислам утре што ќе јадам
Неџат Бајрамовски е доказ дека и покрај несреќата која може да не снајде, секој може да ја пронајде светлината на крајот на тунелот и сам да зачекори во животот.
Бајрамовски еден месец пред Светскиот на бездомниците ја раскажа својата животна приказна како од картонски кревет по парковите денеска има вистински кревет и живеалиште.
Во Црвениот Крст во деновите предвидени за помош на бездомниците доаѓаат од 150 до 170. Тука им се даваат хигиенски услови, лекови, консултација со доктор, психолог и социјален работник и згрижување во екстремни временски услови.
Бројката на бездомници може да не се намали, но секој бездомник мора сам да сака да со смени сопствениот живот. Нарушените семејни односи состојба на депресија го донела на улица.
Улицата е тешка ќе научите многу, но секој ден не знаете дали ќе се разбудите жив. На почетокот си велите сеедно, дали ќе сум жив или не? – раскажува Бајрамовски за Канал 5 Телевизија.
Светла точка за него било обраќањето во Црвениот крст за проект каде бездомните луѓе може истто така да работат да учат преку обуки и да имаат дом.Неџат раскажува дека неговиот живот бил како воз, неговиот вагон застанал и почнал да ‘рѓосува, а сега има се што посакува.
-Јас сум среќен многу зашто имам добра работа, обезбедена, значи нема да мислам утре што ќе работам, што ќе јадам..имам плата, вели Неџат.
Тој денеска сам го води животот – вели јас сум локомотивата. Најсреќен што во фирмата каде работи имаат доверба од неговите препоставени. А, во Црвениот Крст го посочуваат како добар пример.
Во Македонија неофицијално има околу 300 бездомници, точна бројка нема, бидејќи најголем дел од нив немаат документи и често го менуваат местата за престој.