Србите шокирани од одлуката – веста од Косово ги погоди како „гром од ведро небо“ – а тој заврши во Македонија
October 21, 2023
Косовските власти го депортираа игуменот Фотије, роден како Александар Костовски кој служел како свештеник во СПЦ во Македонија.
Рашко-призренската епархија, во која спаѓа и протераниот свештеник, обвинуваат дека косовските власти не се придржувале до законот за верски слободи и противправно и произволно го протерале отец Фотије додека ги подигнувал веќе одобрените документи за престој.
Случајот го набљудувале и претставници на ОБСЕ кои, според СПЦ, не добиле објаснување од Приштина за протерувањето на свештеникот кој синоќа со полициска придружба е депортиран преку преминот Блаце.
Отец Фотија во 2009 година е назначен за игумен на манастирот Девина вода кај Звечани, каде непрекинато живее 13 години, извршувајќи ги монашките должности.