Полицијата на нозе – дојава а бомби во училишта во Кочани
December 15, 2023
Претпладнево во Општина Кочани пристигна дојава за поставени бомби во основните и средните училишта во градот Кочани.
Како што неофицијално дознаваме дополнително меил за поставени бомби пристигнал и во основните училишта ,,Никола Карев” и ,,Малина Попиванова”.
Надлежните органи од кочанската полиција извршија детална проверка и сè уште се на лице место.
Констатирано е дека се работи за лажна дојава, па како што сме информирани наставата се одвива непречено. Во меѓувреме се истражува од каде дошле лажните електронски пораки и откривање на испраќачот.