Кристина Арнаудова со мега потег после објавата која лично многу ја пoтpeсe
Познатата наша пејачка и хуманистка, Кристина Арнаудова се огласи на својот фејсбук профил каде што напиша:
После објавата која лично многу ме пoтpeсe, за детето кое во училишната кујна , само на страна, јадело парче сув леб, решив и покрај недостаток на луѓе во Проект Среќа и многуте проекти кои предновогодишно не очекуваат,
да направам нешто и да отворам наменска сметка каде ќе се уплаќаат донации исклучиво за оброк за деца кои неможат да си дозволат да платат за храна додека се на училиште
До сега имаме пријавено околу 50-на деца…најмногу од рурални средини. Секој од Вас може да придонесе едно дете да не седи на страна, со празна чинија пред себе.
Со било која уплатена сума, можете да ја смениме барем малку таа реалност. Сметката е следна, со назнака ,, за топол оброк за дете во социјален ри зик,
300000004639061 Комерцијална Банка. Не можеме да го спасиме целиот свет, но можеме да нахраниме едно дете, а тоа е сосем доволно, ако секој од нас го направи тоа…