Кумановец од ЕВН добил сметка во висина од 66.000 денари: Немам друг избор, ќе се селам во Германија
Здраво! Видов дека сте објавиле фактура од ЕВН, ако може да ни објавите и нашата фактура за месец декември.2023 за приватен стан во кој живееме 3 возрасни (јас сопругата и мајка ми) и 4 деца, ни се обрати жител на Куманово. Во своето обраќање до ТВ Стар тој понатаму вели
-Станот е од 110 метри квадратни, имам подно грење на струја за валијент котла веќе седум години и ја користам, а секој месец се зголемува вредноста на фактурата за струја.
Минатиот месец за ноември и декември беа сосема исти, но втората е многу поголема. Декемвриската фактура ми е 66.532 денари и ова е највисоко. Секој месец почнаа да ја зголемуваат, но последниот отидоа предалеку.
Јас работам во приватна фирма и земам плата 20.900 денари а треба да ја платам сметката на евана од 66.532. Веќе не знам што да правам. Дали да си ги земам жената, децата и мајката и да одиме за Германија каде ќе не третираа како луѓе и каде ќе сме сигурни дека ќе може да ги платиме сметките толку како што трошиме.
Или да дозволам овде во Куманово на приватна фирма како ЕВН да ме малтретираат. ЕВН е пример како луѓето ги тераат на иселување од држава. А покрај пари за сметката ми требаа и за други троши, храна, облека..