Maкедонскиот кошаркар сака да игра за Партизан -за да му скандирале Гробари

Македонската кошаркарска репрезентација веќе низа години талка да го пронајде патото на успехот, но тоа оди потешко од очекувањата.

А дека ситуацијата во мак кошарката не е сјајно е фактот што многу мал број наши кошаркари играат на интернационална сцена.

Кога мислиме на меѓународна сцена, се мисли на онаа сериозната. Еден од ретките наши интернационалци кои се таму е Ненад Димитријевиќ, кој сезонава игра повеќе од солидно во дресот на руски Уникс Казан, каде што настапува на заем од шпанска Валенсија и е еден од адутите на овој тим во борбата со ЦСКА Москва и Емил Рајковиќ за титулата во ВТБ-лигата.

Тој во интервју за српските медиуми потенцира дека од мали нозе е навивач на Партизан и дека сонува да одигра барем една сезона во дресот на овој клуб.

„Уште како дете го гледав Партизан во Белград, посебно ја паметам средбата против Макаби Тел Авив во 2010 кога стигна до фајналфор-турнирот во Евролигата.

Сега не сум толку страствен навивач бидејќи сум професионален спортист, но паметам убави моменти од детството поврзани со црно-белите, особено што мојот дедо, татко и чичко беа изгорени партизановци.

А сето тоа кулминира кога поранешниот црно-бел, Бо Мекејлеб, заигра за Македонија. Желба ми е барем една сезона да одиграм во дресот на Партизан, да ја почувствувам прекрасната атмосфера и песната на навивачите.

Тоа ми е целта. Не знам кога може тоа да се случи, но сакам сето тоа да го видам пред да се пензионирам“, изјави Димитријевиќ.

Македонскиот кошаркар вели дека по крајот на сезонава ќе се врати во Валенсија и дека верува дека конечно ќе му се исполни желбата да настапува во Евролигата, кога неколку пати му бега за влакно.

Популарниот Нено говори и за националниот тим, но без да објасни дека за него многу ретко настапува и тоа со далеку помала енергија од тоа што го прикажува во клубовите.