Грујо се јави вечерва: Откако дозна дека Орце Камчев е на слобода, предложи едно нешто
Бизнисменот Орце Камчев пред неколку дена излегол на слобода, односно повеќе нема обврска да се појавува на спиење во затворот во Струга.
Тој неодамна побарал спојување на двете затворски казни кои требаше да ги издржи, односно тој беше осуден на една година зат вор за „Империја“ и исто толкава казна доби и за Плацеви на Водно“.
Па сега, наместо две години, бизнисменот доби една заедничка казна, која е намалена за четири месеци, односно вкупно требаше да одлежи една година и осум месеци.
По оваа одлука вечерва се огласи екс премиерот Никола Груевски кој кажа:
Доколку евентуално дојде до промена на уставот во скоро време, предлагам уште еден амадман.
Кој би бил во правец да секој кој ќе ме на падне или обвини, кој ќе измисли некаква афера или ќе ми стави нешто на товар, ќе ме наклевети, ќе се согласи лажно да сведочи во поткрепа на политичките обвиненија, или стане активен и корисен соработник на правосудните органи против мене,
независно во која фаза на процесот, независно што зборувал и изјавувал претходно и независно од кои мотиви го прави тоа, да биде целосно ослободен од било какво гонење.
Да не се мачат политичарите, обвинителите, судиите, лицата под политички пр огон, затворските институции, контролираните медиуми а и оној дел од јавноста која сеуште не ги разбира работите во смисла што всушност се случува, да биде на чисто