Младо 17 годишно девојче од Скопје сакајќи да направи снимка на ТикТок заврши на КАРИЛ
Неделново попладне пристига информација за ситуација која буквално од играчка на крај испаднала плачка.
Имено како што говорат првичните информации, 17 годишна девојка со изго реници по грбот и нозете била итно донесена во ургентниот центар откако било пријавено дека добила струен уда р од жиците поставени над вагон од воз.
Како што пренесува Канал 5 телевизија, девојката е во свесна состојба и е на одделението КАРИЛ.
Првичните информации велат дека деовојката била качена на еден од вагоните на железничката станица Маџари каде дошло до струен уд ар при што се здобилеа со пов реди.
На местото на настанот пристигнале полициски службеници. Истрагата се уште е во тек, а според нефицијалните информации девојката се качила на вагонот за да снима ТикТок видео.