(ФОТО) Елизабета, сопругата на Стево Пендаровски неизмерно се радува – објасни и зошто
Првата дама на Македонија,Елизабета Ѓоргиевска често можеме да ја видиме во јавноста и е доста активна на социјалните мрежи.
Понежната половина на петтиот македонски претседател Стево Пендаровски за пошироката јавност не е непознаница.
Ѓоргиевска е редовен професор на Стоматолошкиот факултет во Скопје и раководител на Катедрата за детска и превентивна стоматологија.
Таа е магистер и специјалист по педијатриска и превентивна стоматологија од 2002 година, а од 2006 година е доктор на науки. Има остварено неколку истражувачки посети на универзитети во Велика Британија, Белгија и САД, а исто така работела на неколку меѓународни истражувачки проекти.
Има објавено повеќе од 90 трудови. Била член на организациските и научни комитети на неколку национални и меѓународни симпозиуми и конференции.
Утрово таа на својот фејсбук профил објави посто со низа фотографии во кој што вели:
Неизмерно ме радува што вчера на Школка се собраа огромен број на деца, кои докажаа дека играта нема граници.
Огромно браво за моите драги другарчиња Денис Јанкуловски и Билјана Стантич и сите волонтери кои учестуваа во организацијата на овој прекрасен настан.