Александра Јанева: Имав момент кога неможев да зборувам
Струмичанката Алескандра Јанева веќе подолго време е на македонската музичка сцена и важи за квалитетн вокал, која се проби на сценат благодарение на ,,Макфест”
Победник е на музичкото шоу „Сите наши песни“ во 2013 година и на Фестивалот на забавни мелодии „Макфест“ во 2013 и 2016 година, со една од своите најпознати песни ,,Врати ми го сонцето”
Инаку Александра заедно со Васил Гарванлиев и Антониа Гиговска како придружен вокал била дел од најуспешниот македонскиот евровизиски тим во историјата на ова натпреварување.
Тамара Тодевска со ,,Прауд” успешно се пласираше на 7. место во големото финале. Ова беше првиот пласман во ТОП 10 за Македонија од нејзиното прво учество во 1998 година.
Aлександра Јанева утрово беше гостин во емисијата ,,Шоу Магазин” на ,,Сител Телевизија” каде зборуваше за кариерата, за почетоците, како и за неугодните моменти што ги поминала.
,, Беше напорно изминатиов период, ме фати една чудна настинка, уште пред почетокот на новата година, долго време неможев да се опоравам, некаде докај втори или трети јануари.
– Во меѓувреме имав многу настапи, тоа можам да го кажам како феномен, јас имамв момент кога едноставно не можев да зборувам.
– Но меѓутоа пеев во тие моменти, никој не можеше да примети дека сум настината и дека не можам да пеам како што знам но дадов се од себе.
– Секогаш околу Нова Година имам посебна еуфорија и енергија, имаме доста настапи и мислам дека сета таа енергија допринесе јас да го при кријам тој момент.
– Уште како бебе моите први зборови биле во вид на песна, односно сум запеала и тоа стихови од песната ,,Милке душо” и тоа на девет месеци.
– Со песната ,,Врати ми го сонцето” направив подвиг, не очекував, но победив на ,,Макфест” и ете ден денес таа песна е една од најслушаните, додава Јанева.
– Јас верувам дека секој од нас се раѓа со некаков талент, но доколку не го негуваш се може да пропадне во секунда, вели Јанева во утринската емисија ,,Шоу Магазин”
– Дипломиран стоматолог сум од скоро, но се уште немам започнато да работам, ќе видиме како ќе се одвидаат работите, моментално музиката ме обзеде, и ако би бирала тоа би било музиката.