Анета и Молика со голем хуманитарен потег – на помош ги повикуваат сите граѓани
Анета и Молика се едни од најбараните и најплатени фолкери кај нас, апсолутно секој викенд им беше букиран, а беа и чести гости и во дијаспората каде полнат сали и распородаваат концерти како од шега.
Анета Мицевска Молика, во својата долгогодишна кариера, се покажа и докажа како еден од најдобрите вокали на македонската естрада. Токму вокалот е нешто што ја краси најмногу, иако и нејзиниот физички изглед е за десетка.
На нејзината официјална Фејсбук страница сподели нешто кое ќе заинтересира многу нивни фанови. Станува збор за концерт од хуманитарна природа за која ги објави деталите:
Почитувани пријатели и љубители на нашата долгогодишна работа во Македонија и низ целиот свет ве покануваме на нашиот концерт кој ќе се одржи на 21.04.2023 год (петок) во Центарот за култура во Битола.
Средствата од концертот ќе бидат наменети за Царската Црква,Успение на Пресвета Богородица и 12 Апостоли-Битолско кале,која е значаен историски и културолошки храм и една од најстарите цркви во Битола и околината но за жал во минатото разрушена и напуштена.
Сите заедно да оставиме уште еден белег, да придонесиме да се подигни овај Божји храм ,со Божји благослов, да го реализираме овој преубав проект и да помогниме вo неговото возобновување на постоечките темели за кои добивме благослов од Битолската Митрополија.
Се гледаме на концертот на кој ќе имате прилика да ги слушате сите хитови испеани од мене Анета Мицевска и група Молика.
Влезници по цена од 150ден ке се продаваат на касата во Домот на култура секој работен ден. Ве очекуваме.Анета и Молика