Баба Вида од Штип живее во постојан страв од струен удар – куќата и е пред распаѓање, а нема никаква помош
70-годишната Вида Стојанова постојано живее живот во вризик. Куќата и се распаѓа, а покривот ќе и се распадне во секој момент. Има дополнителен ризик и од струен удар поради несоодветна конструкција.
– Кога беше невремето ми течеше на штекот каде што е вклучен телевизорот и морав да го носам во другата соба – ми се расипа. Треба да бидам на штрек кога ќе биде невреме и да пратам вести,раскажува баба Вида пред камерите на Тв Стар.
Над десетина години живее сама во такви услови, а семејство нема. Постојано апелира за помош, но нема ништо. Живее со пензија од 12.000 денари.
– Никој не се нафаќа на оваа стара куќа да се качи горе и да ги поправи керамидите. А да се менува целиот кров треба 4 до 5.000 евра тие пари јас не можам да ги обезбедам, вели баба Вида.
Како решение Стојанова ја нуди својата куќа за замена за било какво пристојно живеалиште, истото го понудила и на општината од каде што одговорија дека куќата не е влезена во ДУП на општината, меѓутоа од наредната година можеби нешто ќе биде.
Целиот прилог може да го погледнете на телевизија Стар.